АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
Разговори
Игор Киров, танчер и кореограф за кого само светот е мерка за вредноста
06.06.2013
ВО СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ТАНЦУВАЊЕ И ПРЕТСТАВИ ОД ЊУЈОРК ДО СЕУЛ
Веќе со години кога ќе се спомене името на Игор Киров, оди и додавката - нашиот најуспешен танчер и кореограф во светот. Работи многу и работи толку успешно, што поканите доаѓаат буквално од целата планета. Во следните неколку месеци, тој ќе биде постојано на балетски сцени, во театри, авиони, хотели. Игор е човек на кого само светот му е мерка за вредноста...

Те очекува мошне интензивна сезона, со настапи и кореографии низ речиси целата планета. Првата следна премиера ја имаш на 8 јуни во Нирнберг...

Во сабота премиерно ќе биде изведен новиот балет во Државиот театер во Нирнберг, под наслов "Plate", базаиран на истоимената опера од франнцускиот комозитор Роман. Голем ансамбал, со 30 танчери на сцена, и целиот оркестар на театарот. Тоа ќе биде масовна танцова продукција од која сум нависитна задоволен. Планирани се 15 претстави заклучно со јули.

На крајот од месецот имаш интересен проект во Цирих. ..

Да, меѓу секоја слободна престава ќе мора да патувам и го „фатам“ мојот нов проект во Цирих, кој премиерно ќе биде изведен на 29 јуни. Во него учествуваме пет танчери и пет глувонеми луѓе, а базиран е на животот на луѓето кои не можат да го искажат своето мислење преку зборови или да го слушнат тоа што може да го слушне секој со здрав слух. Играта е сведена на минијатурни движења, што верувам дека ќе интересно и за учесниците во претставата и за гледачите. Потоа заминивам за Минхен, каде ќе одиграм две гала претстави со мојата партнерка од дуетот "Touch" (види овде).

5 јули, лет за Кина...

Моето најново соло го подготвувам да биде премиерно изведено на Интернационалниот натпревар за кореографија во Пекинг, поточно во Националниот театар за Перфромин Артс. или таканаречениот The EGG. Toa e натпревар на кој во предходното издание, пред две години ја добив наградата за најдобра кореографија, па сега ме поканија повторно, иако критериумите се дополнително заострени, бидејќи аплицирале повеќе од 1.000 учесници од 50 земји. Оваа година ќе одам само со желба да се преставам што подобро пред кинеската публика, таа повторно да ја слушне нашата музика и да види дека Македонија се враќа на оваа голема танцова сцена. Сега не очекувам награда, бидејќи предходно ја добив, па одам опуштен и рекалсиран, да се претставам себеси и нашата култура што подобро. Предвидени се четири мои настапи.

Август, Јужна Кореја...

По завршувањето на ангажманот во Кина, мора да се вратам во Нирнберг и да ги довршам прествите овде, а потоа да се подготвам за моето следно големо животно искуство. Бев селектиран од Корејското министерство за култура и од УНЕСКО, да бидам дел од Размената на кореографи од четири континенти: Европа, Азија, Америка и Африка, а таму ќе останам три месеци. Аплициравме повеќе од 450 кореографи од Европа, и за моја голема среќа јас ја добив оваа шанса да ја преставувам Македонија во далечната Кореа. Проектот се состои од работење со две компании, од кои едната е Националниот балет, а втората модерна танчерска трупа од Сеул. И во двете прилики ќе користам македонска музика при креирањето на моите две нови кореографии, кои премиерно ќе бидат изведени на 15-тото издание на фестивалот "Sidance", каде воедно ќе биде одиграна и мојата престава „Хелиум“, со мојата трупа, која специјално ќе дојде во Сеул, по гостивањето во Панама. Исто така, како дел од оваа програма, еднаш неделно ќе држам предавања во различна културна институција во Сеул, преставувајќи ги базично македонската култура, јазикот и музиката. За возврат добивам курс по корејски јазик. Значи, освен мојата креативна работа како кореограф, ќе имам шанса да ги запознаам Кореанците со тоа која е и што е Македонија. а воендо и ќе се потрудам да дознаам нешто за нивиот јазик и за културата. Многу сум расположен за моето одење во Кореја, иако сум бил два пати досега, но овој пат ќе биде големо искуство за мене од кое се надевам дека ќе научам многу.

24 октомври, Канарски острови...

По враќањето од Кореја заминувам директно за Канарските острови, каде на 17-тото издание на кореографскиот натпревар "Masdanza" пак ќе ја преставувам нашата ни мила земја со дуетот "Touch". Четири претстави за десет дена.

Македонија, Есенски музичи свечености...

На почетокот од ноември планираме и би сакале да гостуваме со „Хелиум“ и во Скопје, во склоп на Есенските музички свечености, во организација на Дирекцијата за култура и уметност. Покрај тоа, најискрнео се надевам дека и граѓаните на мојот роден Штип ќе ја имаат таа можност да ја видат преставата и во нивниот град. Во преговори сме со неколку институции, како и со општината. (Линк за „Хелиум“)

Ноември-декември, Австрија и Њујорк...

Од ноември би требало да ја започнам новата продукција во театарот во Австрија, каде што ја играв предходната сезона. Тоа е проек кој ќе трае до февруари, но во паузите, ќе одам во Њујорк, бидејќи таму веќе е планирано поставувањето на нова кореографија, за една од најпрестижните модерни танчерски компании "Complexion".

Израелски балет и Дрезден...

Се’ уште сум во преговори за прецизирање на термините со Израелскиот балет за нова креација со нив, како и вракање на сцената во Дрезден, најверојатно во февруари 2014. како танцер, а воедно и креирање нова престава на модерниот ансамбал на градот. Тоа треба да се случи кон крајот на наредната сезона.

Македонија...

Навистина ми беше драго и големо задоволство повторно да се вратам во нашата национална кука МОБ, и да направам еден за мене прекрасен дует, полн со емоции, енергија и техника за нашите првенци Александра Мијалкова и Васили Чичијашвили, кои ме инсирираа и ми даваа мотивација и енергија. Секогаш е добро да се соработува со врвни професионалци од кои може многу да се научи. Музиката беше на Кирил Џајковски. (Види овде)

Дали очекуваш понатамосна соработка со МОБ?

Тоа зависи од нив. Јас мислам дека доволно направив и покажав за да се види дека сум заинтересиран за соработка со нив. Најискрено се надевам дека во наредна сезона ќе дојде до нешто поконкретно и дека ќе почнеме да работиме заедно, во интерес на љубителите на танцот во Македонија. Се разбира, не престанува соработката со Танцовата академија и Танцовиот театар во Скопје, каде ќе се вратам повторно и ќе продолжам со моите предавања и поставување кореографии за студентите.

Миодраг Мишолиќ
 
Loading







 
web design studio: Meduim3