АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
КОМЕНТАР НА ДЕНОТ
За познатите личности и мешањето со политиката
13.02.2013
ЗОШТО БЕЛИЧАНЕЦ МОЖЕ, А КАЛИОПИ НЕ МОЖЕ?
Наједноставен, најкраток, најдиректен и најсуров одговор e - затоа што таа не е важна, односно не е толку важна. Некои луѓе изразија изненадување, па дури и разочарување, што Билјана Беличанец Алексиќ прифатила да биде кандидатка за градоначалник на Кисела Вода. И тоа не на независна листа или како претставничка на некое граѓанско, уметничко или зелено движење, туку „баш каде што треба“ - на владејачката партија...

А зошто да не? Во што е проблемот? Актерската, односно музичката професија, иако јавни, не се поинакви од другите, па на актерите и музичарите да им се зема за зло ако се вклучат директно во политичката борба. Зошто да може лекар, адвокат, професор, новинар, електро-инженер или незавршен средношколец, а да не може актер или пејач? Нема никаква причина за тоа. Битната разлика е во нешто друго - во општественот статус на личноста. Е тука веќе не е сеедно.

Ако влезеш во колективната свест на поголемиот дел од народот како нешто квалитетено, вредно и драгоцено, односно како некаков општ авторитет, тогаш обврските се поголеми, зашто таа позиција поставува одредени рамки на однесување. Личност од рангот на Калиопи мора да ги почитува. Беличанец не мора, бидејќи едноставно, го нема тој ранг. Секоја чест за нејзините улоги во Драмски театар и синхронизациите на телевизија, но ништо од тоа не оставило трага, која ќе ја етаблира како некаква национална икона. Дури и сега, во објаснувањето на ВМРО ДПМНЕ за градоначалничките кандидатури, се вели дека „основен вредносен принцип според кој Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се водеше при изборот на кандидатите за градоначалници за престојните локални избори беше понудата на квалитетни програмски решенија во сферата на инфраструктурниот, стопанскиот и економскиот развој на општината , а дури потоа „з начаен критериум за избор на кандидатот беше и неговиот личен кредибилитет и досегашен придонес за општината за која се кандидира . Значи, според нејзината партија, главен аргумент за Беличанец е тоа што таа има квалитетени инфраструктурни решенија, а личниот кредибилитет е тука некаде, ама сепак, секундарен.

Политиката има една чудна карактеристика. Најважна работа е во животот, но не поднесува вистински важни луѓе. Ја определува судбината на цели народи, но во неа најчесто успеваат шарлатани. Едноставно, изгледа дека и’ е таква природата.„Трагедијата на Франција е што има политичари кои се лоши писатели и писатели кои се лоши политичари“ , напиша на едно место француски от писател, поет, драматург и есеист , Жан Кокто.

Барем во последниве 100-150 години, откако се практикува парламентарна демократија во поголем дел од развиениот свет, не мал број врвни филозофи, писатели, научници и уметници го изразувале својот политички став, меѓутоа ретко некој успевал да дојде до позиција од која може да го оствари тоа за што се залага. Истата „хендикепираност“ важи и за најпопуларните ѕвезди, милениците на нивната нација. Претседател на Америка стана Роналд Реган, второкласен актер и вечен епизодист, а не Џон Вејн, на пример, кој не само што беше ултимативно популарен, туку и жесток десничар, односно конзервативец (демек, патриот), како Реган. Но, сето тоа, сите улоги и целата слава, не му помогаа некој ни да помисли сериозно на него како на можна опција за голема политичка функција. Истото важи за сите нобеловци и професори на „Харвард“. Место нив, победуваат Бил Клинтон и Џорџ Буш.

Или, земете ја најголемата ѕвезда на светот, Пол Макартни. Британците ја обожаваат земјата по која што оди, меѓутоа ако треба да гласаат за него на избори, дали би го направиле тоа? Апсолутно не. Затоа, пак, се определуваат за гротескни типчиња како Дејвид Камерон, Тони Блер, Гордон Браун, Џон Мејџор и уште не мал број слични креатури, кои надвор од политиката би биле тотално безначајни. А сепак, тие добиваат право од граѓаните да управуваат со нивните илјадници милијарди, да праќаат млади луѓе во униформа на најопасните места го светот и да прават уште еден куп работи, кои се директно поврзани со животот и благосостојбата во целото општество.

Изгледа апсурно, но така е, и таму и овде. Затоа останува она другото - дали е поважно да се имаат привилегии што ги носи власта или да се сочува личниот интегритет? За некои, тоа не прави голема разлика, па тие може да се тркаат за премиери, министри, портпароли и градоначалници. За други е важно, и затоа тие треба да внимаваат дури и каде, односно во кој момент ќе го покажат својот талент (на пример, ќе ја пеат химната). Некои доаѓаат до високи позиции во власта и до клучевите на државните каси, а некои се поважни заради нив самите. Секој со својата карма, и таа не треба да се меша, секогаш кога тоа може да се избегне.

Миодраг Мишолиќ
Loading







 

web design studio: Meduim3