АМСМ услуги - помош на пат

почеток
за нас
маркетинг
контакт



undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
КОМЕНТАР НА ДЕНОТ
За Трајко, сликата и за некои новинари
05.01.2013
КОЛКУ ШТО Е ТОЈ „ПОЛИТИЧАР“, ТОЛКУ СЕ ТИЕ „РЕСПЕКТАБИЛНИ НОВИНАРСКИ ПЕРА“
Ебати новинарството кое три дена тегне „тема“ за ќерката на Трајко Вељаноски и нејзината слика во костим за капење. Точно дека заради функцијата на татко и’, и таа е на некој начин јавна личност, па кога ќе направи нешто послободно од вообичаеното, може да се најде во медиумите во потсмешлива конотација. Меѓутоа, од тоа да се прави случај со кој се занимаваат и дел од главните новинарски пера, големи бардови на професијата, многу повеќе зборува лошо за нив отколку за девојката. Тука, всушност, и не е таа целта, туку татко и’. Се пука на неа, за тој да биде погоден.

А, човекот е толку ограничен, површен, плиток, неавторитативен, неважен, глупо смешен, неснаодлив во ситуации кога треба да се употреби интелигенцијата, што душа дава да биде исмеван заради него самиот, без злоупотреба на децата. Пример е и оваа ситуација. Да беше фраер, место со официјално соопштение од Собранието да ни кажува дека е „револтиран“, само ќе речеше: „Не очекував дека на ваков начин ќе дознаете колку убава ќерка имам, но животот ни носи и неочекувани ситуации. Во секој случај, ако некој не се согласува дека е убава, значи дека нема вкус“. Така, со еден потег, целосно ќе ја отапеше острицата на малициозните коментари. Ама, Трајко не е Бранко, и тој не може да биде шармантен, ниту луциден. Премногу е да се очекува од него нешто такво.

Меѓутоа, изгледа дека стана премногу да се очекува и од доста новинари (афирмирани, искусни, угледни, едукатори на младите) да го заслужат вистински правото да се нарекуваат така. Точно е дека кога може Ѓорѓе Иванов и Трајко Вељановски да бидат луѓето број 1 и 2 во државава (не се, ама и тоа што се е скандалозно), може и големите политички аналитичари да се фатат за „девојката со шарени купаќи“ и тоа да им биде ТЕМА. Но, не е добро да биде така. Во светот сликата ќе беше објавена - во „Сан“, „Дејли меил“, „Нешенел инквајарер“, „Билд“..., но не во „Тајмс“, „Монд“ или во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Тоа е тема за таблоиди и секој што ќе се обиде да ја употреби, всушност, прави таблоид од својот весник.

Правото за нешто такво им припаѓа целосно на уредниците и на газдите, меѓутоа треба да знаат дека во таква ситуација и другите (аналитичните) ставови што потоа ќе ги изнесуваат, ќе носат во себе силна трага од нивниот плиток, површен и ограничен сензационализам, што го практикувале претходно. Всушност, самите себеси се спуштаат на нивото на Трајко Вељаноски. Колку што е тој „политичар“, толку се и тие „аналитичари“ и „респектабилни новинарски пера“.

Миодраг Мишолиќ

Loading