АМСМ услуги - помош на пат

почеток
за нас
маркетинг
контакт



undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
КОМЕНТАР НА ДЕНОТ
Опасна зима 2012-2013
28.12.2012
ЗНАЕ ЛИ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ШТО Е ОТПОР, ОСОБЕНО НЕНАСИЛЕН?
Ова е клучното прашање за лидерот на опозицијата. Од одговорот на него ќе зависи колку ќе му бидат успешни активностите што планира да ги спроведува во наредниот период и какви ќе бидат последиците од нив. Во понеделникот се случија скандалозни работи за една демократска земја, и секако дека не смее да се помине преку тоа. Насилство врз пратеници, жени и новинари е нешто што мора да ја запали и последната сијаличката за аларм во главата на секој нормален човек....

Исто така, и „ладнокрвното“ донесување на буџетот веднаш потоа, како и ноншалантното задложување на државата од 30, 40, 100 милиони евра за неколку дена. Опозицијата е во право кога бара штедење, секаде каде што е тоа можно, и максимална внимателност во земањето кредити. До тука се работите јасни.

Или барем би требало да бидат јасни. Но евидентно, со голем број луѓе не е така. СДСМ и сите неговите коалициски партнери, заедно со медиумите и експертите, кои во моментов гравитираат околу таа политичка опција, не успеваат да убедат доволен процент од народот дека недонесувањето на буџетот не значи автоматско секнување на пензиите, платите, субвенциите, социјалната помош, па дури ни за спортските стипендии и бесплатните автобуси во вторник и петок. Во тоа верува, оној што сака да верува, а другите или го отфрлаат (главно, од партиски причини) или се плашат да не се покаже точна тезата на министерот Ставрески. Затоа се случи на 24-ти да дојдат пред Собрание, пред се’, партиски активисти. И од едната и од другата страна. Тоа не беше НАРОД. За да биде НАРОД треба многу повеќе, не само како број, туку и како структура. А пак, за широк, граѓански, сеопшт отпор, нешто што навистина ќе ја доведе власта во ситуација да отстапи од своето, во моментов, скандалозно однесување, треба уште многу повеќе. На прво место верба во авторитетот на тој што ја предводи „поворката“, односно на човекот во последно време познат и како Б.Ц. Дали кога тој ќе рече нешто ќе го послушаат 500.000 или 5.000 Македонци? Во тоа е клучниот момент на граѓанскиот отпор, кој тој го најавува.

А, навистина, знае ли Црвенковски што е ненасилен отпор? Го знае ли тоа било кој од неговото опкружување? Убаво звучи да си бунтовник, борец против диктатура, а за правда и демократија. Ама, диктатурата има пендреци, затвори, судови, инспекции, извршители, Управа за јавни проходи... Ако тргнеш против неа, таа ќе ги употреби. Веројатно сите, зависно од ситуацијата и потребите.

Ненасилниот отпор е најдобриот и најефикасен метод на борба против посилен од себе. Може да ја совлада и најбриталната сила. Но, тоа бара подготвеност да се примаат жестоки удари, од секаков вид. Нека го побараат опозиционерите филмот „Ганди“ од Ричард Атенбороу и нека видат како изгледа тоа. Нема пробивање на кордони и тепање со полиција, туку само полицијата тепа, а тие трпат. Додека тепачот не се измори или не се засрами. Во Србија, студентите кои настапуваа под амблемот со стиснатата тупаница, беа тепани, затворани, мачени... Само така можеа да го соборат диктаторот. Понеделничките сцени од Собранието, врз кои се згрозуваме, се детска игра во однос на тоа што поднеле припадниците на успешни ненасилни отпори. Дали е членовите од раководството на СДСМ подготвени за тоа? Добро би било да покажат со свој пример.

Се разбира, не да трпат пендреци и затворања. Да се надеваме дека нема да се оди толку далеку. Но, и ненасилниот ненасилен отпор може да заболи. Ако некој повика на граѓанска непослушност и бојкот на плаќањето сметки, кој ќе ги сноси последиците? Власта сосема сигурно нема да го прости тоа, и преку своите инспекции ќе праќа тужби, ќе казнува, ќе блокира сметки. Дали доволен брпој од обичните луѓе, поточно НАРОДОТ, се подготвени да ја платат таа цена? Само до тоа зависи целиот овој проект „ненасилен отпор“.

Што ќе направи СДСМ за да ги заштити ако го послушаат Б.Ц.? Ќе им компензира ли некако или ќе ги остави сами да ја трпат болката? Дали се пратениците од опозцијата подготвени да се откажат од она што сега го добиваат од буџетот? Трајко Вељановски рече дека бунтовниците примаат вкупно 60.000 евра плата месечно. Би направиле ли фонд со тие 60.000 за да им помогнат на оние што ќе бидат казнети ако не платат за МТВ, на пример? Истото важи и за градоначалниците, советниците, па и партиските функционери од сите овие партии. Тоа ќе биде за нив симболичен чин, бидејќи таму нема стечајци, пензионери, социјални случаи и спортски стипендисти (зборам за вистински), а ќе покажат дека демократијата им е поважна од парите.

Еве, тоа е прв чекор кон ненасилен, граѓански отпор - нека се откажат од платата додека трае нивното отсуство од Парламентот и нека ги насочат тие пари кон жртвите на борбата за која повикуваат. Ако се вистински лидери треба да се први. Тогаш, можеби и ќе стекнат авторитет за да бараат жртвување од доволно голем број луѓе.

Миодраг Мишолиќ
Loading