АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
КОМЕНТАР НА ДЕНОТ
По вчерашната прес-конференција
06.11.2012
ИГНАТ ПАНЧЕВСКИ: АДВОКАТ-ИСТРАЖУВАЧ, ИНСАЈДЕР ИЛИ ПРЕВАРАНТ?
Вака, како што е претставено од негова страна, во стилот - знам ама не кажувам, ова „откритие“ не е ништо повеќе отколку шпекулација за привлекување интерес кон себе. Секој може да рече, за речиси секоја работа која предизвикува силни емоции: открив, сите освен јас ја лажат јавноста, имам докази..., меѓутоа се’ уште е рано да ги обелоденам...

Луѓето кои немале многу потреба од седење на судските клупи, го знаат скопскиот адвокат Игнат Панчевски само како човек кој одвреме-навреме ќе излезе во јавноста со некоја спектакуларна приказна. Веќе тврдеше дека има докази оти загинувањето на претседателот Борис Трајковски и на неговите соработници не е несреќен случај, туку атентат. Вчера одново ја обнови сторијата, со прес-кофренеција на која рече дека претседателскиот „кингер“ е соборен со ракета од воздух. Дури наведе постоење видео и аудио снимки, кои го потврдуваат тоа, а тој ги поседува, но засега не сака да ги објави, за да не ја намали нивната тежина во истрагата.

Вака, како што е претставено од негова страна, во стилот - знам ама не кажувам, ова „откритие“ не е ништо повеќе отколку шпекулација за привлекување интерес кон себе. Секој може да рече, за речиси секоја работа која предизвикува силни емоции: открив, сите освен јас ја лажат јавноста, имам докази..., меѓутоа се’ уште е рано да ги обелоденам.

Во суштина, она што го кажува Панчевски можело да се случи. Фреквенциите за комуникација може да бидат прекинати, за воен авион не е проблем да собори цивилен, на местото може прва да дојде екипа специјалци и да ги заташка доказите, односно да ја заврши „задачата“ ако претходно не била извршена во целост, извршителите може да си честитаат на еден, два или повеќе јазици, истрагата може да се саботира од моќни кругови... Проблемот (односно среќата) е што такви работи многу, многу ретко се случуваат во реалниот живот, туку претежно во филмската или литературната фикција. За да се изврши вакво злосторство мора да биле вклучени неколку десетини луѓе. И зар е можно за таква операција да не протече ни една вест навреме, за да се спречи? Речиси невозможно. Но, заради ова речиси прашањето останува отворено. А, ако сака да го затвори заради вистината, Панчевски мора да го направи тоа преку институциите, а не на прес-конфренции. Експерти треба да ја потврдат веродостојноста на наводните снимки, зашто обичната јавноста не е доволно обучена и квалификувана да оцени од неколку гледања дали е нешто оригинална снимка или монтажа.

И конечно, многу е слаб мотивот што според Панчевски е причина за атентатот. Наводно Борис Трајковски поседувал документи кои би го нарушиле угледот на некои западни дипломати, кои во 1999 година престојувале во Македонија. А имал и документи кои упатуваат на коруптивни скандали на врвни светски државници...

Па зар тие документи ги носел со себе во „кингерот“? Зар не ми биле на сигурно место и кај луѓе од доверба? Атентат ќе има смисла само ако компромитирачкиот материјал се уништи заедно со неговиот сопственик. Инаку, која е логиката да се прави таква акција?

Миодраг Мишолиќ

П.С. Панчевски тврдише и дека го поседува оригиналниот документ од наводниот договор меѓу Радован Караџиќ и Ричард Холбрук, со кој му се гарантира лична безбедност на поранешниот лидер на босанските Срби, доколку се повлече од јавниот живот. Караџиќ е во Хаг, а документот? Уште е кај Панчевски?

Loading







 

web design studio: Meduim3