Добар ден,
господине кандидат за градоначалник на Скопје. Како сте?
Благодарам на прашањето,
одлично. И барем до март ќе бидам така?
А, потоа?
Па, и потоа. Нема зима за
Јани, ни во февруари, ни во март.
Зошто би
требало скопјани да гласаат за Вас?
Затоа што сум паметен,
вреден, упорен, искрен (ках, ках, ках...)
Се закашлавте
нешто на последниот збор?
Не, не, не е од зборот.
Некоја мушичка ми влета во уста.
А, што Ви
недостасува?
Ништо, се’ имам доволно
или повеќе. Дури и килограми.
Што
помислувате кога ќе се видите во огледало?
Неправда. Зар ваков фраер
да биде заробен во вакво тело?
Каков бевте на
12 години?
Во сосема поинаков фазон.
Многу, многу добро и мирно дете. Скроз одличен ученик и послушен син. Тоа беше
последен период во животот кога сите ме фалеа. Уште немаше ВМРО-вци на видик.
Омилено овошје
и зеленчук?
А бе, повеќе сум по месо
отколку по тие треви и зелениши. Ама, од партијата ме караат: „кафиол, морков,
лимон, јаболко..., тоа мора да јадеш, тоа се витамини, види колку си блед на
телевизија, што ќе мислат луѓето...?“, па земам по некоја банана.
Да се вратиме
на изборите. Вашите противници го истакнуваат моментот дека не само што не сте
роден во Скопје, туку доаѓате од најконкуретскиот град, Битола.
Тоа е предност за мене,
бидејќи можам да го ветам она што мојот противкандидат Коце не може никогаш.
Што?
Ако ме изберат за
градоначалник ќе ги направам скопјанки убави како битолчанки.
Ух, зар не е
тоа премногу храбро, дури нереално ветување?
Храбро е, но Јани е
храбар. Нереално не е, затоа што Јани не е нереален.
Како ќе ги
направите скопјанки убави како битолчанки?
Нека ме изберат, па ќе им
кажам.
Тогаш ќе биде
доцна. Мора да знаат пред да гласаат. Вака изгледа како уште едно празно
предизборно ветување.
Ајде добро, ќе откријам
дел од мојата програма. Значи, да станат саат порано, за да си ја средат косата
и да се нашминаат како што треба. А потоа, појадокот да го спремаат додека
навикнуваат на новите штикли. Тоа е клучен момент - појадокот на штикли да го
спремаат.
Па, не бил
лесен тој битолски рецепт за убавина.
Јас и не реков дека ќе
биде лесно, и не ветувам успех преку ноќ, ама ако ме изберат ќе бидат задоволни
и до мене, а уште повеќе од себе.
За крај, кажете ни некој виц за Вас?
Ех, вицеви за мене колку сакаш. И сите добри. Тешко ми е да се определам за
еден.
Ајде, определете се.
Добро, еве вака. Фатил Јани Макрадули (т.е. јас) златна рипка и таа му
вели: „Те молам пушти ме, ќе ти исполнам три желби“. „Не сакам три, една ми е
доволна“. „Повели, кажи која“. „Оној Коце Трајановски да го претвориш во жаба и
да го фрлиш на суво“. Рипката рече „добро“ и отиде. Се врати дури по три дена,
видно исцрпена. „Извини друже Јаника, дадов се’ од себе, ама оваа желба не
можам да ја исполнам. Попрво тој ќе ме претвори мене во катна гаража отколку
јас него во жаба“.