АЖУРИРАЊЕ НА ИЗБИРАЧКИТЕ СПИСОЦИ
Зошто и по 20 години се’ уште
немаме избирачки список околу кој ќе нема спорови?
Затоа што се’ уште немаме, односно кај политичките елити нема волја за изградба
на модерна и функционална демократија. Затоа што предаторите полесно ловат во
матно и кога не е „полна месечина“. Затоа што постојат две доминантни политички
групации, кои не дозволуваат автентична, граѓанска опција на политичко
организирање. Зошто пропаѓаат сите обиди за Трета политичка опција? Зошто двете
доминантни групации не сакаат една изборна единица во земјата? Нив ги спојува
политичкиот монопол и покрај разликите. И на последниот митинг Црвенковски
зборуваше за нивната Македонија и Македонија на Груевски. Што е со нашата,
граѓанска Македонија?
За ОБСЕ/ОДИХР за Македонија, чистењето на избирачкиот список е една од приоритетните препораки , со централно барање - ревизија на починатите и лицата во странство. Се сеќавате ли на една изјава на Жерновски, дека тие ако треба ќе ги употребат резервните изборни контингенти? Токму тука се тие контингенти. Според Работната група што ја предводи Теута Арифи спорни остануваа т уште околу 140.000 граѓани, кои немаат ниту нов пасош, ниту нова лична карта. Од нив, 110.000 се во земјава, а 30.000 се надвор од Македонија.
Но, токму од Владата ја искараа ДИК со посебно соопштение, во кое има доста политика, иако се нагласува: „Целта на реакцијата е да се мотивира Државната изборна комисија и претседателот Кондарко да се ангажираат во исполнувањето на европските обврски и уредувањето на оваа значајна материја“.
Кој треба да
ja
изведе таа статистичка
операција?
Владата оцени дека е момент да упати
забелешки кон ДИК, всушност кон претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Таму е доминантно
учеството на членовите од владината коалиција, додека надлежностите и
одговорностите се поделени на повеќе институции. „Сите активности на работната група во
процесот на проверка се директно
детерминирани и зависат од времето кое им е потребно на надлежните државни
институции кои ги проверуваат податоците за што се со закон овластени, што од
своја страна ги доставуваат од МВР, а ги проверуваат Управата за водење матични
книги и Државниот завод за статистика“
, вели претседателот
на ДИК, Борис Кондарко.
Колку од досегашните избори беа
(не)регуларни поради овој проблем?
Владата, обвини дека бавно и со недоволна посветеност
се прочистува изборачкиот список.
Обвинувањето дојде непосредно
по митингот на опозицијата. Како учесник на избори, или како известувач, лично
сум се посведочил на злоупотреба на мртви лица и лица од странство. На
познатите воинствени локални избори во Охрид, од пред три изборни циклуси, лица
од странство сведочеа како се злоупотребувани нивни податоци, односно се
гласало во нивно име. За жал, при истите избори се печатеа и лични карти
(познатите случаи во Гостивар и во Охрид) под диригентска палка на денес
најактуелни политичари, од самиот државен врв. И, овој проблем не е и
единствениот. Можеби корупцијата е уште поголем проблем. Како учесник во избори
и како човек кој правел нов политички субјект, знам дека корупцијата - изборна
и политичка започнува многу поназад од изборниот ден. Уште со самата помисла да
формирате политичка партија. Без пари и без спонзори, кои подоцна ќе дојдат по
наплата на фактурите, кај нас е невозможно да се формира, а уште помалку да се
води политичка партија.
Ќе го добие ли опозицијата до
март она што го бара?
Како што е познато не е спроведен
пописот во земјата, што беше и еден од главните услови во забелешките на
ОБСЕ/ОДИХР од Извештајот за 2011 година. ДИК
не е единствена надлежна за прочистување на избирачкиот список. На
прочистувањето на списокот работи работна група формирана од Управниот комитет
на Владата, каде членуваат и претставници на надлежните министерства, на
Секретаријатот за европски прашања, ОБСЕ, ЕУ, Амбасадата на САД, невладината
МОСТ, како и на политичките партии.
Како што реков, се’ зависи од политичката волја,
додека владините партнери, по силата на нештата, ја имаат најголемата
одговорност.
УСТАВНО АМНЕСТИРАЊЕ НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ
Дали е ова очекувана одлука за Вас, односно
дали е политиката посилна од правдата?
На
28 октомври 2011
година, во мојата
колумна во „Дневник“, под наслов „Амнестија
без
амнезија“,
поставив неколку прашања, кога Собранието го изгласа Автентичното толкување на
Законот за амнестија, од март 2002. Што се случува со Македонија во последниве
две децении? Созреа ли политичката нација (која ја немаме како таква!), или
капитулираше државата (институциите)? Созреа ли Македонија, или пак исчезнаа
сите скрупули на победничките партии и коалиции, чии стомаци толку закрепнале
што можат и
„
камила да проголтаат
“
, како што не
учеше оној Европеецот за спорот со Грците. Ние сега живееме во такавиканата
постохридска Македонија, произлезена од Рамковниот договор, ама еден од
неговите креатори (Никола Поповски) вели дека договорот, со амнестијата е
ревидиран во неколку сегменти, вклучително и со хашките случаи! Ако целото
раководство на ДУИ, вклучително и лидерот,беа засегнати од одлуката на
Уставниот суд, тогаш не може да се избегне впечатокот за учество на политиката
и за притисок. ДУИ не оставаше
простор дека може да се случи Уставниот суд да го укине автентичното толкување.
Во спротивно најавуваа многу порадикални чекори од она што сега го прават со
Законот за бранители. Тоа е очигледен притисок. Настрана тоа, една од точките и
условите во преговорите за да се формира владиното мнозинство, беа четирите
хашки случаи - „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, Гробница Непроштено“ и
„Мавровски работници“.
Оштетените, сега можат во граѓанска постапка да бараат материјално обештетување , да се допишуваат со Советот за човекови права на ООН и телата за заштита на човековите права на Советот на Европа, да чекаат на некоја друга земја (штом нивната се откажа!) , одново да ги процесуира случаите (овој тип дела се единствените кои во правото било каде во светот не застаруваат), или пак сатисфакцијата да ја бараат во осудата (сторителите се амнестирани од вина, но не и од одговорност ), по примерот на „Амнести интернешнел“, која веќе го осуди Автентичното толкување .
Верувате дека ова ќе биде
прашање кое поради ваквото решавање често ќе се враќа во политичкиот ринг, или
полека ќе почне да паѓа во заборав, освен за семејствата на киднапираните?
Кога Собранието го изгласа Автентичното
толкување на Законот за амнестија
, коментаторите во водечките дневните весници беа
едногласни - во осудата, додека опозицијата ја дочека амнестијата како
„
кец на десетка“. Од нив
зависи колку ќе ја држат темата за дежурна, додека власта брзо ќе најде нова
тема за оваа да ја потисне. Експертската јавност и сега зазеде поинаков став од
Уставниот суд, чии одлуки се конечни. Од таму, само судијата Наташа Габер Дамјановска,
реплицираше, таа
смета дека автентичното толкување е правно невалидно, со оглед на тоа што
Македонија ги усвоила сите меѓународни протоколи и договори меѓу кои и оние што
се однесуваат на дела кои не застаруваат.
Колку ваквиот тек на случајот ќе
влијае на меѓуетничките односи во Македонија?
Јавноста,
како и во случајот на собраниската одлука,
реагираше со загриженост и осуда. Нема да остане без одек и последици и
во меѓунационалните односи, бидејќи се тие кревки, на што сега работаат дури и
коалициските партнери - сеедно дали тоа го прават свесно и пресметано од свои
тесни интереси, или пак биле предизвикани без претходен договор. Доволно е да
се прочитаат коментарите на социјалните мрежи. Професорката Ванкоска
коментираше:
„Уставниот суд ја отфрли иницијативата за амнестијата на Хашките предмети. СРАМОТА! КУКАВИЦИ! И поголеми дипломати и политичари од политичарите... Затоа, ни останува само РЕКОМ, драги мои! Не е смешно, тажно е, многу, многу е тажно... Сега можат слободно да го направат и Бадинтеров суд, сеедно е. Ова е се’ за КОАЛИЦИЈАТА, за еден лажен мир и соживот, кој почива на незнаените гробови и маки на невини луѓе, кои се избришани со еден потег на гласање - и во Собранието и во Г(У)ставниот суд“.
Како известувач за Телма и ВОА, уште кога летото 2001-та се крчкаше Охридскиот договор, можев да слушнам од познавачите на приликите дека првите што одовде ќе бидат испратени во Хаг ќе бидат Македонци. Албанците, се велеше, се заштитени од НАТО. Според хашките критериуми, во случај на над осум погубени лица се смета за масовно убиство, за геноцид, додека актерите се воени злосторници. Барем во два наврати имаше толку жртви меѓу македонските бранители. Па сепак, Собранието го изгласа Автентичното толкување на Законот за амнестија , од март 2002. Тоа е истиот ден кога единствениот Македонец од хашките зандани Јохан Тарчуловски, му напиша писмо на премиерот : „ Еднаш засекогаш да ги реши хашките случаи! “. М ајтапчиите писмото на Јохан го споредија со чинот на признавањето на Македонија од САД - под уставното име, во функција на неуспех на референдумот!!!
БУГАРСКА ЗАКАНА ЗА БЛОКАДА НА МАКЕДОНИЈА
Може ли да
биде источниот сосед толку голема пречка како што е јужниот?
Искрено
не верувам во таква можност и развој на ситуацијата во тој правец. Ако сакаме
да бидеме порелаксиранеи, дури можеме да кажеме дека во Бугарија владее
промакедонско чувство.
Да не заборавиме дека први не признаа, се разбира, и од свои причини. За
поранешниот бугарски претседател Прванов, Македонија беше најромантичниот дел
од бугарската историја. Вчера, на сите
средби на еврокомесарот за проширување Штефан Филе
со бугарските авторитети во Софија
се збор
увало за Македонија.
Во Бугариjа нема отпор кон македонската држава - како државна творба и тие не верувам дека би стави ле вето за почеток на преговори . Може да се случи некакво условување, нешто да спечалат на некои од поглавјата, во текот на преговорите. Се верува дека министерот за надворешни работи Младенов, спаѓа во групата што би се решила за блокада во текот на преговорите. Неговата последна изјава беше дека целта никогаш не им била да ја блокира ат Македонија , но и додава оти Бугарија не треба да стравува да говори јавно и да ги постави проблемите во односите со Македонија .
Премиерот Борисов, исто така вели дека Бугарија го поддржува зачленувањето на Македонија во ЕУ , со додавка - доколку стриктно се почитуваат сите европски критериуми. „Се надеваме дека Македонија ќе погледне кон иднината на поинаков начин. Ние секогаш ја чувствуваме Македонија како најблиска, најпријателска земја и сакаме да има благосостојба. Но, работа на македонските политичари е како тоа ќе го направат“ , беше изјавата на Борисов.
Колку е обичниот бугарски
граѓанин е свесен за улогата на нивната држава на овие простори за време на
Втората светска војна?
Бугарските
официјални лица од нас бараат да ја оставиме историјата настрана, а ако веќе
нешто потенцираме и славиме како наше, тие велат - заедничко, заеднички да го
славиме. Се сеќавам, прв кај нас таква можност спомна поранешниот премиер
Бучковски, за време на кампањата во 2006 година, кога СДСМ ги загуби изборите.
Го рече тоа од Крушево, мислам дека беше на Илинден, на што шефицата на
дипломатијата се надоврза со забелешката, дека ете и таа се вика не случајно
Илинка, веројатно мислеше на Илинденка. Јас направив малку груба, можеби
предозирана циничка забелешка како кон една дама - дали, ако случајно таа се
викаше Петкана, треба заеднички да го славиме и Петковден.
Што се однесува до бугарските граѓани верувам дека и тие сакаат да заборават некои црни петна. Доволно е да се потсетиме на реакциите околу филмот „Трето полувреме“. Тие се сега во Европа, каде се заедно и оние што биле фашистички окупатори во Втората светска војна, но и оние од антихитлеровската коалиција. Не мислам на филмот, тоа е сепак една уметничка фикција, макар и врз основа на реални историски собитија, но во животот ние немаме потреба да ги потсетуваме на тоа што не сакаат да го слушаат. Тоа веќе никој не го прави во Европа. Затоа и бугарските медиуми не’ потсетија на нашето, според нив, непринципилено однесување во врска со српската прослава на 100-годишнината од победата над Османлиите кај Зебрњак. А и кај нас беше примена со доста контроверзи, неоодобрување и осуда.
Што треба да направи нашата политика за да ги амортизира најавените негативни последици?