АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
Стил
Милена Антовска, водителка на „Здраво Македонијо“
21.12.2011
НАВЕЧЕР САКАМ ДА ИЗГЛЕДАМ ЕКСТРАВАГАНТНО И ВПЕЧАТЛИВО
Професијата и’ налага на Милена Антовска да станува рано, бидејќи е водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“ на телевизијата „Канал 5“. Сепак, тоа не е пречка за неа да изгледа секогаш средено и убаво. Иако е млада, и се’ уште го гради својот стил, веќе покажала дека знае како да најде начин за да се истакне меѓу другите…



Како е организиран твојот плакар?
Имам од се’ по нешто. Секојдневна облека, но и многу фустани кои ми се за вечерни излегувања. Најчесто за нив се грижам сама, а понекогаш ми помагa и мајка ми . Во принцип, мојот плакар е уредно среден, бидејќи сакам кога секое парче облека ми е достапно и знам каде да го најдам.

Има ли нешто што го носиш секој ден?
Да, со оглед на мојата професија секој ден користам шминка, а од модните додатоци секогаш го носам прстенот од мајка ми.

Кое парче облека никогаш не би го фрлила, иако веќе не го носиш?
Има повеќе такви парчиња, а би ги издвоила фусанчињата што сум ги носела како мала .

Што си купила последно?
Кожени панталони и два пара чевли.

Колку ти треба наутро за да се подготвиш за излегување?
Околу 40 минути ми одзема шминкањето, бидејќи облеката секогаш ми е подготвена од претходниот ден.

На што трошиш повеќе време: шминкањето или ноктите?
На шминкање секако, ама одвојувам доста време и за средување на ноктите, зашто сметам дека тоа е доста важно за секоја девојка.

Посетуваш ли козметички салони?
Да посетувам, еднаш во месецот одам на третман на лице, а понекогаш и на масажа на тело.

Дали сама ја средуваш косата или кај фризер?
На фризер одам два до три пати во неделата, а знам некогаш и сама да си ја средам косата. Крадам по некој трик од моите фризерки, но сепак најубаво ми е кога работата ќе ја препуштам во нивни раце.

Кој ти е најдоброто друштво за обиколка на продавници?
Искрено, најубаво ми е кога шетам сама J иако со другарките често знаеме да разгледуваме заедно низ продавниците и да си дадеме по некој совет.

Во кој град си го имала најдобриот шопинг?
Барселона! Не знам дали е до градот или до продавниците, меѓутоа факт е дека кои од мене извлекоа многу пари J .

Стилот на која јавна личност најмногу ти се допаѓа?
Има повеќе, но би ги издвоила Бијонсе, Кејт Мос, Оливија Палермо..., а од нашите - Каролина и стилот на младата модна дизајнерка Ведрана Панева.

Каква долна облека сакаш?
Пред се’, сакам долна облека во која ќе се чувствувам удобно и пријатно, нешто што ми одговара на годините... Понекогаш се случува и да експериментирам, па купувам поексклузивни парчиња.

Кога си најекстравагантно облечена?
Зависи од пригодите. Кога излегувам навечер со пријатели секогаш се трудам да изгледам впечатливо и ектравагантно, а би издвила некои случувања, како што се фестивалите, промоциите и слично.

Дали имаш влијание врз стилот на партнерот и тој врз твојот?
Секој си има изградено свој стил и не се наметнуваме еден на друг, но во одредена мера можам да дадам коментар или сугестија што ми се допаѓа, а што не кај него, дали е тоа облека, парфем и слично. Секако и јас прифаќам добронамерни забелешки од негова страна.
Loading







 

web design studio: Meduim3