Кои три работи се најважни за еден локал да стане хит?
Да се створи магијата во просторот, да се пренесе на самите гости и да се одржи до крај.
Во што е магијата на улица „Ленинова“?
Не гледам јас никаква магија во таа улица!
На скала од еден до десет која оценка му ја давате на скопскиот ноќен живот?
Просечен ноќен живот.
Која оценка од еден до десет му ја давате на Скопје како град?
Почнува да ја надминува 5-ката.
За кој од Вашите клубови, дискотеки и кафулиња сте или сте биле најемотивно врзан?
„Хавана“, „Парадизо“ и „Мајка Ти и Татко Ти“. Веројатно само за нив, бидејќи се моја измишљотина, а се’ уште постојат и се котираат како профитабилни.
Каков вид угостителски објект е најпрофитабилен?
Веројатно оној кој се’ уште работи.
Кои луѓе ги сметате за најголемите скопски фраери?
Фрајер, што беше тоа?!
Во што беше предноста, а во што маната на журките пред 20 години?
Секоја планина со своја тежина.
Каде на Балканот се прават најдобри забави?
Веројатно на цел Балкан, Балкан Бој се’ уште знае да се забавља.
Се гледате ли и по десет години со истиот начин на живот?
Би сакал да се видам и по 30 години, тоа е мојот начин на живот, не гледам зашто би го мењал.
Кои привилегии ги имавте поради професијата?
Пијам по набавна. Штета што престанав да пијам алкохол, инаку ќе бев ѓар до гуша.
Во кој период се правеше најдобра, а во кој најлоша музика во Македонија?
Немој за македонска музика, не сакам да навредам никого.
Најдобри концерти на кои сте присуствувале?
На Ролингстоунси во Белград и на Крусејдерси, кои му беа предгрупа на Чик Кореа во Лондон.
Запад или Ориент?
Нешто помеѓу двете.
Четири тркала или две?
Четири, ама ме мрзи да возам.
Власт или опозиција?
Кога власта би била како што треба, веднаш би прешла во опозиција.
Игор Џамбазов или Тони Михајловски?
Драган Спасов-Дац и Васко Тодоров - К15
Колку време поминувате на Фејсбук?
Претерано многу, не е убаво тоа!
За какви статуси добивате најмногу лајкови?
Обично за најглупите.
Го прифаќате секое барање за пријателство или правите селекција?
Може да се каже, скоро секое, ако ова прашање се однесува на ФБ!
Што слушате
најмногу во последниве денови?
Се’ што е квалитетно, како и секогаш!
Кое е Вашето животно мото?
Животот е убав. Живеј го, еден е!
Кој е најпрепознатливиот македонски бренд?
Македонскиот простотилук.
Кога би можеле да го промените своето минато, што би исфрлиле од него?
Ако го променам, не би било минато. Какво е такво е, мое си е!
Која е најлошата обврска што сте морале да ја завршите?
Самиот збор обврска не ми звучи баш фино. Сега неможам да се сетам, а ги имало повеќе.
Кој би сакале да Ви пее на роденденска забава ?
Повеќе би сакал јас да знам да пејам и да исполнам нечија желба пеејќи на негов роденден!
Во кои три града се чувствувате најдобро?
Во Скопје секогаш се чувствувам најдобро, а во другите два по потреба!
Имате ли некоја фобија?
Понекогаш се плашам сам од себе, да не ја уплескам како што знам.
Чиј телефонски број би сакале да го имате?
Повеќе би сакал некој друг да го има мојот, ама да се јави барем еднаш.
Омилен стих?
Ако Нече Мухамед Брегу Онда Че Брег Мухамеду. (Најдобро ми звучи на српски оваа крилатица)