Не многу поинаку отколку за јавните настани. Нормално, приватно имам и нешто поспортска облека, но никако класични патики. Мора да е нешто на половина пат, т.е спортско-елегантно.
Сметате ли дека возраста го условува стилот на
облекување?
Јас повеќе правам ограничувања спрема ситуацијата или контекстот, како и дали нешто ви стои или не, отколку ограничувања според возраст. А за приватни ситуации сметам дека секој треба да има максимална слобода како сака да се облекува.
Колку ви е важна цената и кој е тој сооднос со
квалитетот кога ќе решите да купите нешто?
Ич не сум од тие што лупаат големи пари за марки и мене тоа ми е многу „нуво рич„. Сметам дека е израз на неизживеаност да покажувате статус и пари преку марки. Секако, ако сте милионер или милијардер има логика, бидејќи тогаш цените на таканаречената брендирана гардероба стануваат релативна ситница. Јас претпочитам да давам поголеми суми за патувања и за работи „кои ги носите во гроб„ а не на материјални нешта, вклучително и гардеробата. Секако, внимавам на квалитетот на облеката, но со прифатлива цена, а повеќе пари сум спремна да дадам само за потрајни работи, кои се носат подолго, како на пример, за чизми, капут или ептен ако е нешто за некоја специјална ситуација, па симболично да си се почестам за некој значаен повод во мојот живот. На пример, кога го завршив докторатот си лупнав 300 евра на едни екстравагантни сандали што ќе ги носам еднаш-двапати во годината, но долго ќе ме потсетуваат на тој момент на среќа и олеснување. Во редовна ситуација ни во сон не би дала толку пари за тоа.
Имате ли омилена марка?
Не, ама ако треба да избирам, повеќе ги сакам американските дизајнери отколку европските, бидејќи знаат подобро да ја спојат елеганцијата, практичноста и мултифункционалноста. Калвин Клајн особено.
Дали водите сметка секогаш да имате исфенирана коса
и маникирани нокти?
Не. Има ситуации и периоди кога сум презафатена или преуморна и само се трудам „да личам на нешто„.
Имате ли храброст да експериментирате со облеката?
Не баш, во принцип сум многу стабилна во тоа што ми се допаѓа. Но, знам да бидам и авангардна, односно да носам нешто што не се носи во тој момент. На пример, мислам дека бев меѓу првите во градот кои ставаа црн лак на ноктите. Сега тоа е нормална појава.
Колку Ви е важен физичкиот изглед при оценката на
некоја личност?
Подеднакво како и „внатрешноста“. Како тоа што им го дала природата, како физички изглед и конституција, така и гардеробата. Мислам дека е лицемерие кога се вели дека надворешниот изглед не е важен, бидејќи луѓето се единствен животински вид кој има свест за естетика. Впрочем, луѓето се изразуваат себеси и преку облеката, така да, ако знаете добро да читате, многу работи ќе разберете и за „внатрешноста“ на некоја личност преку тоа како се облекува.
Како се облекувавте во тинеџерскиот период?
Женствено, па имав една долга „црна фаза“ - црни фустани, претежно „пристојно“ мини, црни кожени панталони, црни кожени шорцеви, црни кожени здолништа, елеци и чизми, нешто а ла Модести Блејз. Спортски ни под точка разно.
Посетувате ли козметички салони?
Да, со прекини. Кога не одам, имам лоша навика сама да си го „средувам“ лицето, па од неодамна пак почнав да ги посетувам. Плус педикир, а некогаш и маникир.
Колку пати во тек на денот се пресоблекувате?
Еднаш до трипати, зависи од активностите. Има денови кога откако ќе се облечам наутро, цел ден сум во истото и се враќам дома за директно во пиџами.
Што сметате за најголем невкус во облекувањето?
Кога жена со грд облик на нозете носи мини здолниште. Тука некаде се и претесните панталони, особено повторно со грди нозе, а истото се однесува и за мажите.
Носите ли често облека со различна боја?
Во последниве десетина години, да. Но, најмногу сакам комбинации со по две бои, ретко повеќе.
Имате ли многу облека во Вашиот плакар?
Да. Има работи што ги носам со години, плус трупам ли трупам нови...
Кога сте си изгледале себеси најубава?
Меѓу 20 и 30-годишна возраст. А чудна работа, сум забележала дека најмногу комплименти за изгледот од други добивам кога сум во најголеми стресови, проблеми, работа, неспиење... Значи, тогаш кога се чувствувам најгрдо, вклучително и физички најзапоставено, со фаза ма „подочњаци до колена“. Оди па разбери... Можеби некој вроден „инат“ спрема проблемите, ха, ха, ха...
Кога се подготвувате за патување, пакувате многу
или го земате само неопходното?
Најчесто, на одење неопходното, извежбана сум за брзо и ефикасно пакување до совршенство, но на враќање срам ми е да кажам колку пати сум плаќала за екстра килограми. Додуша, сега веќе купувам и за синот доста, така да имам некакво оправдување.
Кога сте биле најекстравагантно облечени?
Во 2000 година, на магистерскиот бал на Џорџтаун во Вашингтон.
Дали
некогаш маж Ве привлекол само со својот мирис?
Не, бог да чува, не. Ама сигурно има случаи кога мирисот ме одбил.
Дали подобро се чувствувате во панталони или во
здолниште?
Здолниште, дефинитивно. Па женско сум, плус имам убави нозе, нормално во здолниште, ха, ха, ха...
Во кои години е жената најубава?