АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
Прашај ме сé
Александар Белов (01.09.2011)
БИ САКАЛ ДА ГО ЗАПОЗНАМ ЧАК НОРИС
Благодарение на реалното шоу „Операција триумф“, Александар Белов преку ноќ стана познат на просторот на целата поранешна Југославија, а во Македонија се здоби со голема популарност. Но, оттогаш помина доста време, а тој покажа дека нема намера да биде краткотрајна ѕвезда, туку упорно и вредно ја гради музичката кариера. Последен успех му е победата на „Охрид фест“ со песната „Сонот мој“...


Која од твоите песни најмногу сакаш да ја пееш?

Да бидам искрен, не знам дали бидејќи е последна „Сонот мој“ некако ми стана фаворит, па во моментов неа би ја издвоил, иако е нова и се’ уште не сум почнал да ја пеам по настапи. Досега, нормално, „Една“ беше мојата омилена!

Дали често ги слушаш своите песни?

Се’ додека не се појават во етер, кога се нови, постојано ги слушам, а потоа и’ ги оставам на публиката да ги слушне и ги очекувам нејзините реакции и коментари! Секако, знам да седнам и да ги слушам чисто за да споредам и да направам разлика од првата до последната и да знам што е добро, а што лошо и што треба да променам за во наредната!

Очекуваше ли победа на „Охрид фест“?

Досега сум учествувал на многу фестивали и секогаш ми било поважно, пред се’, песната да биде прифатена од слушателите отколку да земам награда. Тоа понекогаш не е мерило колку е песната добра и квалитетна. На „Охрид фест“ повторно тргнав со истата цел, а за наградата искрено бев изненаден, не ја очекував, а и не можев да поверувам. Некако не сум навикнат досега да победувам, но за се’ има првпат.

Дали си задоволен од тоа како ти се развива кариерата по „Операција Триумф“?

По завршувањето на „ОТ“ јас бев на самиот врв на популарноста, но се плашев од таа инстат слава, па затоа решив мојата кариера да започне од почеток и сето она што го работам да оди полека, но сигурно. Едноставно, сакам да добијам на квалитет и да не дозволам да бидам популарен само на кратко. „ОТ“ многу ми помогна, стекнав големо искуство, врз кое се потпирам до ден денес, и можам да кажам дека засега се’ оди според планот.

Во колкава мерка продуцентот на шоуто ги исполни обврските кон вас?

Она што го направи „Емоушн“ за нас и што е најбитно е тоа дена ние 16 млади и талентирани момци и девојки, од потполни анонимци многу бргу станавме познати и ни се трасираше патот за полесно да чекориме кн остварување на нашиот сон! Се’ друго е помалку битно. Секој со својата среќа и квалитет си го најде своето место на естрадата!

Дали имаш контакт со учесниците и што се случува денес со победникот, Аднан Бабајиќ?

Со помош на социјалните мрежи се’ е полесно. Си имаме своја група на Фејсбук и секојдневно сме во меѓусебна комуникација. Знаеме што се случува за секој поединечно, си даваме совети, мислења, коментари. По речиси три години, некако останавме добра екипа, а сега наесен ни е во план, конечно, да се собереме сите заедно на едно место. Што се однесува на победникот Аднан Бабајиќ, знам дека неодамна излезе неговиот прв албум и оти кариерата засега ја гради повеќе во Босна и Херцеговина, каде што има доста настапи.

Што е најтешко во кариерата на млад пејач во Македонија?

Ако го имаш вистинскиот тим зад себе, тим кој верува во тебе, тогаш се’ е полесно, затоа што не си сам и можеш посигурно да се пробиваш, без толку тешкотии. Ако си сам, тогаш се’ е поинаку. Македонија е земја на многу таленти, но сепак мислам и се надевам дека за секој од нас има место за докажување и за секого има доволно публика.

Планираш ли музиката да ти биде професионална определба?

Од дете посакував да се занимавам со тоа што сум денес и таа желба ми се исполни. Сега го живеам мојот сон и секако дека сакам музиката да ми биде во прв план и да биде моја професионална определба.

Кои три песни би сакал да се твои?

Едната веќе ја имам - Оган под звездите од Меморија. Сакав да е моја и ја добив. Па , не знам...од бившите ЈУ простори можеби „Ти си ми у крви“ од Здравко Чолиќ. Трета во моментов не можам да издвојам, бидејќи има повеќе песни што би сакал да ги пејам.

Дали би направил драстична промена на имиџот?

Размислувам за нешто такво, но тоа може да се случи по издавањето на мојот прв албум, кога ќе направам мал пресек на дотогашната кариера, па потоа да се појавам во некое поинакво издание.

Имаш ли тетоважа?

Немам, но не велам дека нема ни да имам.

Кој ти е омилен ден во неделата?

Сабота е дефинитивно мојот ден. Не знам зошто, но некако ми е посебен, баш кежуал J ))

Кој е твојот најголем музички херој?

Мој херој бил и засекогаш ќе биде нашиот Тоше .

Најславна личност што си ја сретнал и каков впечаток ти остави?

Со оглед на тоа што мојата кариера започна во едно реално шоу каде се запознав со многу популарни балкански и светски личности сите ми оставија различен впечаток, па не можам да издвојам некој посебно. Или, пак, можеби се’ уште не можам да ја сретнам најславната.

Кого би сакал да запознаеш, и што би го/ја прашал?

Би сакал да го запознам Чак Норис, за да го прашам како може да е толку најјак J ))

Каков беше на 12 години?

Дванаесет години помлад....и сега ќе бев тажен што заврши летниот распуст и што треба повторно да започне нова школска година...

Дали си вистински претставник на својот хороскопски знак?

Не сум многу по хороскопот, но од луѓето што се занимаваат со него сум добил коментар Ти си типична водолија J .

Кој е твојот најголем талент освен пеењето?

Спиењето J ))) . Се шегувам . Па , не знам. Имам кажано дека ако не се занимавав со музика сигурно ќе бев некој водител, новинар или коментатор, но секако пак би бил на телевизија...

Кога во животот си поминал најдобро?

Сум имал многу убави периоди, но сепак реалното шоу „ОТ“ е најубавиот период во мојот живот и посебно ми значи. Тое се денови на кои засекогаш ќе се сеќавам.

Што никогаш не си направил, а би сакал да го направиш?

Не правам јас ништо, се си купувам J )) .

Кој ти е омилен дел од гардеробата?

Фармерките. Ги имам во разни варијанти и нијанси, дел од мојата гардероба за секоја прилика, зависно како ќе се искомбинираат.

Омилена храна?

Кујната на мајка ми, дефинитивно.

Која мелодија ти ѕвони на мобилниот?

Зависи на кој? На еден B ed of roses од Бон Џови, а на другиот „ Најдрага моја“ од Тоше....

Кој те познава најдобро?

Ретки се тие луѓе. Личностите кои се секојдневно со мене.

Што мислиш за запознавањето преку Фајсбук?

Тоа е супер, но сепак милам дека стариот начин на дружење беше подобар. Далеку од тоа дека е сега лошо дружењето и запознавањето, но face to face е подобро.

Колку време поминуваш дневно пред компјутер?

Зависи од обврските, но без компјутер ден не можам да си го замислам денот.

Што работиш навечер, ако немаш настап?

Го поминувам времето со пријатели, гледам некој добар филм, играм плејстејшн или се дружам со фановите на мојот официјален форум и фан пејџ.

Кое женско име го сметаш за најубаво?

Ги има многу, но ајде, ќе го издвојам Марија!

Опиши се со пет зборови?

Едноставен, оптимист, реален, паметен, убав.....хахаха

Што ти е неостварена желба?

Она што се надевам дека многу наскоро ќе ми се оствари е тоа дека конечно ќе можам да отидам на еден натпревар на мојот омилен фудбалски клуб Арсенал. Втората е да заминам на една трка во Формула 1, но да ја следам од боксот на мојот фаворит Нико Розберг. А, на професионален план, желба ми е да ја преставувам Македонија на „Евросонг“, но не сега, туку за некоја година.

Кога последен пат си се покајал?

Стојам зад се’ што сум направил и се трудам да не правам нешто за што би се покајал. А, на последниот пат не можам да се сетам.

Хип-хоп или хеви метал?

Хип-Хоп

Бијонсе или Ријана?

Бијонсе, дефинтивно.

Леди Гага или Бритни Спирс?

Бритни Спирс.

Џастин Тимберлејк или Роби Вилијамс?

Иако и двајцата се одлични, Роби е мојот избор.

Со кого би сакал да те споредуваат?

Сакам да ме споредуваат со....како се викаше оној кој беше наш претставник во она реалното шоу?????Ааа Александар Белов J ))))) Најдобро е да се биде свој и затоа не сакам споредби.

Кое ти е првото, а кое последното купено цеде?

За првото не се сеќавам, но знам дека последно е албумот на Каролина кој во последно време не го вадам од кола.

Омилен стих?

„Усни да ти бакнувам, нежно да те прегрнам, да ти признам љубена дека си ми се’, срце не се лекува, ќе те сакам довека и ниедно сеќавање немам без тебе“!

Loading







 

web design studio: Meduim3