АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
Прашај ме сé
Бојана Атанасовска (25.08.2011)
СЕКСИПИЛОТ Е ДЕЛ ОД МОЈОТ ИМИЏ
Бојана е една од оние наши пејачки кои привлекуваат и со гласот и со изгледот. Стрпливо ја гради кариерата, настапува, патува, снима, учествува на фестивали. Со оглед на тоа што е и среќно омажена, ги има сите услови да биде задоволна ...


Дали бракот ги оправдува твоите очекувања?
Кога стапив во брак не се оптоварував со никакви очекувања, па затоа подоцна бев позитивно изненадена од сите нешта што тој ми ги доносе.

Која е последната роматична работа што ти се случила?
Капење во листови од рози.

Како и каде го поминуваш летово?
Летово ми е целосно во подготовки, патувам често, доста снимања и настапи на фестивали.

Со која музика се расонуваш, а со која заспиваш?
Заспивам и се будам со музичкиот канал ВХ1.

Дали си вистински претставник на својот хороскопски знак?
Комплетно. Инаку сум водолија, и особено сум горда што ги имам особините на една типична водолија - оригинална, комуникативна, хумана и честопати неопределена околу изборот на било што :).

Кој е твојот најголем талент?
Развиеното чувство за естетика.

Што никогаш не си направила, а би сакала да го направиш?
Да научам да свирам пијано.

Кој филм си го гледала повеќе од четири пати?
Серијалот „Кум“.

Кој би сакала да ти пее на роденденска забава?
Шер и Стиви Вондер.

Која мелодија ти ѕвони на мобилниот?
Најобична мелодија од мојот HTC Wildfire.

Дали се плашиш од осамноста?
Да, никогаш не сум можела да функционирам без драгите луѓе околу мене.

Кој е твојот најголем порок?
Единствен порок ми се цигарите.

Кој те познава најдобро?
Мојата сестра Ивана и мојот сопруг Огнен.

Имало ли денови кога си се разбудила со страв од тоа што можеби го напишале некои весници за тебе?
Да, имало и такви денови, особено на почетокот на мојата кариера, кога бев дебитант и многу млада. Но, сето тоа е толку бледо во мојата меморија што веќе не се ни сеќавам што се пишувало.

Кој дел од накитот ти е омилен?
Обетките, ги имам многу.

Дискотека или интимна вечера?
Интимна вечера, иако понекогаш сакам да откачам и во диско.

Четири тркала или две?
Четири, дефинитивно.

Плажа или крстарење со брод?
Плажа. Јас сум мрзлив турист, сакам да лежам на лежалка и да пијам фрапе :).

Едноделен или дводелен костим за капење?
И двата. Сакам да менувам.

Во каква облека се чувстуваш најсекси?
Со мојата самодоверба секогаш се чуствувам секси, во било кое издание.

Дали ти е важно да си секси на сцената?
Да, тоа е дел и од мојот имиџ.

Кој е најнеобичниот подарок што си го добила?
Тајландска масажа во еден спа центар.

Што би исфрлила од своето минато?
Апсолутно ништо. Немаше да ме доведе до оваа сегашност ако беше поинаку.

Дали е шопингот навистина женски лек за проблемите?
Дефинитивно ти ги оттргнува мислите за кратко, но не го препорачувам во големи размери :).

Купуваш облека исклучиво во бутици или понекогаш и на пазар?
Јас го купувам тоа што мене лично ми се допаѓа и ми прилега. Одамна расчистив со комплексите во врска со маркираната гардероба. Едноставно, цената на сите тие „парталчиња“ им ја создавам јас со мојата личност, а не обратно.

Кое е најскапото парче облчека што го имаш?
Пар цевли од италијански дизајнер.

Кој настап ти донесе најголемо искуство?
Секој нов настап е искуство повеќе, и ми помага да се подобрувам, надградувам, поправам.

Кои македонски градови имаат најдобра публика?
Сите. Има едно правило - не постои лоша публика, туку само лоши уметници.

Каде не би настапила повторно?
Нема такво место.

Кој лик од „Сексот и градот“ е најблизок до тебе?
Кери на Сара Џесика Паркер. Само оваа летна сезона купив 15 пара цевли :).

Која е главната црта на твојот карактер?
Искреноста.

Дали си суеверна?
Понекогаш да, но не страсно суеверна.

Имаш ли некоја фобија?
Да, имам фобија од инсекти и штетници, особено од глувци.

Омилен стих?
„Го молам Бог да допрам до тебе, но Бог ги чува ангелите за себе“ - стих од мојата авторска песна „Кон небото“.
Loading







 

web design studio: Meduim3