АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
КОМЕНТАР НА ДЕНОТ
За 24 март и по него
26.03.2013
ЗОШТО СДСМ ТРЕБА ДА ЗАБОРАВИ ДЕКА БАРАШЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ?
Би било добро ако локалните избори од неделата претставуваат финале на погрешните партиски, државни и меѓуетнички политики во Македонија, за оваа година. Доколку до крајот на 2013. не треба уште еднаш да се поминува низ сличен самоуништувачки циклус, ќе биде многу корисно. Во меѓувреме, мора и да се преземе нешто конкретно, бидејќи сме дојдени до ѕидот. Простор за глупирање - веќе нема...
прочитај повеќе ...
За една песна, која е повеќе од тоа
01.03.2013
ФЕЈСБУК ЈА УРНА „ИМПЕРИЈАТА“, А ЗОШТО НЕ МОЖЕ И „ИМПЕРАТОРОТ“?
Конечно, по приличен број години, дочекавме јавноста во Македонија да промени нешто, да каже дека не и’ се допаѓа и тоа да биде отстрането. Не поминаа ни 24 часа од премиерното прикажување на спотот со песната „Империја“, која е предвидена да не’ претставува на „Евросонгот“ во Шведска, а МРТВ се јави со соопштение дека „видео записот не ги задоволува стандардите...
прочитај повеќе ...
За познатите личности и мешањето со политиката
13.02.2013
ЗОШТО БЕЛИЧАНЕЦ МОЖЕ, А КАЛИОПИ НЕ МОЖЕ?
Наједноставен, најкраток, најдиректен и најсуров одговор e - затоа што таа не е важна, односно не е толку важна. Некои луѓе изразија изненадување, па дури и разочарување, што Билјана Беличанец Алексиќ прифатила да биде кандидатка за градоначалник на Кисела Вода. И тоа не на независна листа или како претставничка на некое граѓанско, уметничко или зелено движење...
прочитај повеќе ...
За една изведба на државната химна на партиски собир
04.02.2013
МОЖЕ ЛИ КАЛИОПИ И НАТАМУ ДА СЕ НАРЕКУВА МУЗИЧКА ДИВА?
Своевремено постоеше награда „Вечерово лице на годината“, која тогаш високотиражниот весник ја доделуваше за најуспешните личности на естрадата во претходната година. Заради реномето на „Вечер“ во тоа време, а и заради бројот на читатели, таа награда важеше за една од најпрестижните во својата категорија. Церемонија на врачување се одржуваше во „Универзална...
прочитај повеќе ...
За една анкета и за реакцијата
01.02.2013
А ШТО, ТИЕ ШТО СЕ СЛИКАЛЕ СО КАТАРСКИОТ ШЕИК ВЕЌЕ НЕ НОСАТ ГАЌИЧКИ?
ИЛИ ВЕЌЕ НЕ ГИ СОБЛЕКУВААТ? Новинарско-политички земјотрес на половина Западен Балкан заради едни женски гаќички, кои ги нема. Фантастичните момци и девојки од српската продуцентска куќа „Невозможна мисија“, кои ја прават најдобрата скриена камера во телевизиската историја на овој регион, го наседнаа премиерот на нивната земја, Ивица Дачиќ. Како што наседнале 50-тина други јавни личности. На пример, нашата Тијана Дапчевиќ...
прочитај повеќе ...
За лидерите и нивните политичко-медиумски советници
15.01.2013
ГРУЕВСКИ - ЦРВЕНКОВСКИ = ЈУГОСЛАВИЈА - ЗАИР
Ако со тогашниот резултат од 9:0 го претставиме метафорично денешниот соодност за тоа како ги користат алатките што им се на располагање и шансите што им се укажуваат, тогаш би се рекло дека барем седум се автоголови на опозицијата. Толкава неумешност, неснаодливост, нетактичност, некреативност, зачинета со дефинитивно неизлечивата арогантност...
прочитај повеќе ...
За Трајко, сликата и за некои новинари
05.01.2013
КОЛКУ ШТО Е ТОЈ „ПОЛИТИЧАР“, ТОЛКУ СЕ ТИЕ „РЕСПЕКТАБИЛНИ НОВИНАРСКИ ПЕРА“
Ебати новинарството кое три дена тегне „тема“ за ќерката на Трајко Вељаноски и нејзината слика во костим за капење. Точно дека заради функцијата на татко и’, и таа е на некој начин јавна личност, па кога ќе направи нешто послободно од вообичаеното, може да се најде во медиумите во потсмешлива конотација. Меѓутоа, од тоа да се прави случај со кој се занимаваат и дел од главните новинарски пера...
прочитај повеќе ...
За бојкотот на локалните избори и последиците од тоа
03.01.2013
СВЕСНА ЛИ Е ОПОЗИЦИЈАТА СО КОГО СИ ИМА РАБОТА?
Не би рекол дека е така, зашто да е свесна би се однесувала прилично поинаку, ако не и сосема поинаку. На почетокот од своите вечерни протести, кога се’ уште нема апсолутно никакви сознанија каков ќе биде нивниот краен ефект, еден од потпретседателите на СДСМ, Гордан Георгиев излегува со ставот на партијата - не учествуваме на локалните избори...
прочитај повеќе ...
Опасна зима 2012-2013
28.12.2012
ЗНАЕ ЛИ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ШТО Е ОТПОР, ОСОБЕНО НЕНАСИЛЕН?
Ова е клучното прашање за лидерот на опозицијата. Од одговорот на него ќе зависи колку ќе му бидат успешни активностите што планира да ги спроведува во наредниот период и какви ќе бидат последиците од нив. Во понеделникот се случија скандалозни работи за една демократска земја, и секако дека не смее да се помине преку тоа. Насилство врз пратеници, жени...
прочитај повеќе ...
Позиција - опозиција
14.11.2012
АНАЛФАБЕТИ МОЖЕ ДА ЈА ЗАДРЖАТ ВЛАСТА, НО ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ОСВОЈАТ
Силните зборови паѓаат како крушки пред двете ипол милијарди евра што Груевски си ги има во џебче секоја година, и може мирно да ја купува љубовта на 450.000 гласачи, колку што му требаат. Затоа, нему не му се одразува на рејтингот што има аналфабети околу себе. Но, другата страна нема 2,5 милијарди евра во џебче, и не може да си дозволи аналфабети...
прочитај повеќе ...
За една егзалтација
12.11.2012
ПРАЗНАТА СЛАМА НА АЛЕКСАНДАР ТИЈАНИЌ ГИ „НОКАУТИРА“ МАКЕДОНСКИТЕ НОВИНАРИ
Ова, всушност, покажува нешто друго. Колку сме сите ние овде површни, независно од годините. Се појави некој, кој брилијантно млати празна слама (брилијантно, но сепак, само млати празна слама), и новинарската фела падна во транс. Падна на неговите метафори. А, таму каде што го знаат многу подобро, во Белград, за нив велат: „Метафорите на...
прочитај повеќе ...
По вчерашната прес-конференција
06.11.2012
ИГНАТ ПАНЧЕВСКИ: АДВОКАТ-ИСТРАЖУВАЧ, ИНСАЈДЕР ИЛИ ПРЕВАРАНТ?
Вака, како што е претставено од негова страна, во стилот - знам ама не кажувам, ова „откритие“ не е ништо повеќе отколку шпекулација за привлекување интерес кон себе. Секој може да рече, за речиси секоја работа која предизвикува силни емоции: открив, сите освен јас ја лажат јавноста, имам докази..., меѓутоа се’ уште е рано да ги обелоденам...
прочитај повеќе ...
За предложениот, па повлечен данок за ергени и стари моми
05.11.2012
ШТО Е ДРЖАВА ЗА ВАНЧО ШЕХТАНСКИ И ЗА ТМРО?
Тој мисли дека ДРЖАВАТА вредно работела, заработувала, се мачела, штедела, одвојувала од уста... за нас да не’ подигне, одгледа, школува и упати на вистинскиот пат. Не сме го полнеле ние буџетот на државата, туку таа ни давала нам свои пари. Ова сфаќање е многу поопасно од предлогот за данок, зашто тезата дека народот и’ должи на државата...
прочитај повеќе ...
Loading







 
web design studio: Meduim3