АМСМ услуги - помош на пат

почеток
импресум
маркетинг
контакт




undefined undefined
undefined undefined
undefined undefined
Разговори
Александар Чомовски, за новиот СДСМ
05.06.2013
ЗАЕВ И ШЕЌЕРИНСКА НЕМААТ ПЕРСПЕКТИВА БЕЗ ДИСТАНЦА ОД ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ЦРВЕНКОВСКИ
Во неделата, на 2 јуни, беше одржан конгрес на најголемата опозициска партија, на кој е избран нов лидер, Зоран Заев, а како негова десна рака уште веднаш е претставена поранешната претседателка Радмила Шеќеринска. Што ќе значи тоа за партијата, опозицискиот блок и за вкупната политичка сцена во Македонија, разговаравме со познатиот новинар и долгогодишен аналитичар...
прочитај повеќе ...
Милчо Вељаноски, авторот на најпопуларните фотомотажи на Фејсбук
01.06.2013
НАЈДОБАР ОДГОВОР ЗА СТРЕСОТ СЕ НАСМЕВКАТА И ИРОНИЈАТА
Социјалните мрежи, а особено Фејсбук, отворија можност за креативните луѓе да се изразат, односно да го покажат својот талент или смислата за хумор. Еден од оние што одлично ја користи таа шанса е Милчо Вељаноски. Неговите фотомонтажи се вистински хит - коментирани, лајкувани, споделувани. Импресионира и продуктивноста на Милчо, кој понекогаш ги прави и по неколку на ден. Но, тој не е само духовит човек...
прочитај повеќе ...
Драган Николовски и Тони Стојановски
31.05.2013
ЧУВСТВОТО ДА СЕ ДОЖИВЕЕ „ВЕМБЛИ“ ВО ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ Е НЕПОВТОРЛИВО
Во минатата сабота се случи еден од најголемите спортски настани во оваа година - финалето во фудбалската Лига на шампиони. Извонредниот натпревар меѓу германските екипи Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се одигра на стадионот со магично име - „Вембли“. Директниот пренос го вршеше Македонската телевизија, а нејзините спортски новинари Драган Николовски и Тони Стојановски го коментираа од местото на настанот...
прочитај повеќе ...
Александар Писарев, новинар
27.05.2013
ДА ИМАМЕ СЕРИОЗНИ ИНСТИТУЦИИ, ПОЛОВИНА ОД ФУНКЦИОНЕРИТЕ БИ ОДГОВАРАЛЕ ЗА ВАЛКАН БИЗНИС
Кога станува збор за случувањата од онаа страна на политиката, која обичниот граѓанин обично не ја гледа, еден од најдобрите соговорници во Македонија е Александар Писарев. Тој со децении се занимава со вистинско истражувачко новинарство, за што е добиник на бројни награди. Најчесто негови теми се безбедносните во регионот, организираниот криминал и неговата врска со државните структури...
прочитај повеќе ...
Проф. Билјана Ванковска
23.05.2013
НЕ СУМ КОНТРОВЕРЗНА, ТУКУ САМО ИМАМ ДОВОЛНО СМЕЛОСТ ДА ГО КАЖУВАМ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ
Пишува, коментира, полемизира, дава изјави и интервјуа. Професорката на Филозофскиот факултет во Скопје, Билјана Ванковска е еден од најактивните македонски интелектуалци. Притоа, и еден од најхрабрите, бидејќи знае да изнесе став, кој не се совпаѓа со оној на мнозинството, па неретко се наоѓа на удар на неистомислениците, што добро можеше да се забележи на социјалните мрежи во последниве месеци...
прочитај повеќе ...
Сашко Насев - драматург, амбасадор, бивш член на претседателството на СДСМ
13.05.2013
НА НАШИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ИМ ТРЕБА ЛИДЕР КАКО ВИЛИ БРАНТ
Сашко Насев стана значајна фигура на македонската театарска сцена уште во 80-тите години, кога на сцената на „Драмски“ беше поставен неговиот текст „Чија си“. Потоа следуваше „Грев или Шприцер“, кој го потврди статусот на Насев како театарски хитмејкер. Подоцна, влезе во политиката и во дипломатијата, беше член на претседателството на СДСМ, македонски амбасадор...
прочитај повеќе ...
Ивана Чолаковска и Мануел Торес
09.05.2013
ЉУБОВТА ПОЧНАТА НА МИКОНОС, ЌЕ ПАТУВА НА ДВЕ ТРКАЛА ОКОЛУ СВЕТОТ
Деновниве повеќе медиуми објавија дека една Македонка и еден Шпанец се подготвуваат за пат околу светот на мотицикл. Тоа се Ивана Чолаковска и Мануел Торес. Веќе ја поминаа Европа, односно допатуваа од родниот град на Мануел, Севиља, во Скопје. Тоа го сметаат за туристички дел од потфатот. Она вистинското ќе почне во септември, кога тргнуваат на исток, за по неколку години да се појават на запад...
прочитај повеќе ...
Анонимно интервју
01.05.2013
МИСИ ЕС - АВТОРКА НА ВИДЕОТО „ХИТЛЕР ДОЗНАВА ЗА ПОБЕДАТА НА ЖЕРНОВСКИ„
Четиринеделната политичка сага, позната како избори во општина Центар, привлече големо внимание во целата македонска јавност. А, беше инспирација и за едно мошне интересно видео, кое исто така привлече големо внимание - „Хитлер дознава за победата на Жерновски“. Станува збор за пародија на познатиот инсерт од филмот „Der Untergang“ („Пад“), зачинет со авторски „превод“...
прочитај повеќе ...
Донка Барџиева Трајковска, конзерватор
29.04.2013
ПАРИТЕ ЗА БРОНЗАТА И БЕТОНОТ НА „СКОПЈЕ 2014“ ЌЕ СПАСЕА 2.000 СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА
Во минатата недела повторно од една македонска црква, Свети Ѓорѓи во Лазарополе, беа украдени икони од непроценлива вредност. Во почетокот на февруари изгореа во пожар конаците на манастирот Трескавец. Многу често слушаме за диви копачи на археолошките наоѓалита. Сето ова укажува дека во државата постои алармантна негрижа за културното наследство...
прочитај повеќе ...
Мицко Дудучки, психијатар
23.04.2013
ГОЛЕМАТА ВОЉА ЗА МОЌ КАЈ ГРУЕВСКИ, АХМЕТИ И ЦРВЕНКОВСКИ Е ЗНАК ЗА РАЗНИШАНО ЛИБИДО
Доктор Мицко Дудучки е еден од водечките невропсихијатри и психотерапевти во Македонија, со импресивна професионална биографија. Работел на Клиниката за психијатрија на Военомедицинската академија во Белград, и во воените болници во Сплит и Подгорица. Како лекар, бил сведок на војните во поранешна Југославија, а од средината на 90-тите има приватна ординација во родното Куманово...
прочитај повеќе ...
Стефан Димовски, сликар
18.04.2013
ШТО ПОМАЛКУ ПОЛИТИКА ВО УМЕТНОСТА, И СЕ’ ЌЕ БИДЕ ПОАВТЕНТИЧНО, ДУРИ И СКОПЈЕ
На 16. април, во Музејот на Град Скопје се случи настан, кој предизвика ретко виден интерес кај публиката. Голем број љубители на уметноста дојдоа да ја видат првата самостојна изложба на младиот акварелист Стефан Димовски. Досега тој изложувал свои дела во галерии во јужна Франција, а пред две години влезе во 11-тото издание на Италијанскиот интернационален каталог...
прочитај повеќе ...
Јурица Павичиќ, новинар од Сплит
08.04.2013
КОГА ГО ВИДОВ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, МОЕТО ПРВО ЧУВСТВО БЕШЕ - СТРАВ
Во 2006 година, на Галичица и покрај брегот на Охридското езеро беше снимен познатиот филм „Караула“. Поголемиот дел од македонската јавност ги знае авторите и актерите, но има една личност која е многу важна за тој проект, а не спаѓа во оние што се потпишани под него. Сплиќанецот Јурица Павичиќ го служел пред три децении воениот рок во Охрид...
прочитај повеќе ...
Роберт Поповски, новинар
05.04.2013
ОВА НЕ Е МОЈАТА МАКЕДОНИЈА, А НЕМА ДА СЕДАМ И ДА ГЛЕДАМ КАКО ТОНЕ ВО ДЕСПОТИЗАМ
Во минатиот јуни Роберт Поповски беше еден од оние новинари чие име најмногу се спомнуваше, бидејќи за период од неколку недели гости во неговата емисија „Х/0“ беа Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Мендух Тачи. Но, таа серија разговори стави точка на натамошниот новинарски ангажман на Роберт. Оттогаш го нема на екраните. Дали планира наскоро...
прочитај повеќе ...
Антонио Димитриевски, омаж за Никола Младенов
01.04.2013
БЕШЕ НАЈЛУДО ГЕНИЈАЛЕН И НАЈГЕНИЈАЛНО „ЛУД“
Во 1995 година почна да излегува првиот приватен неделник во Македонија, „Фокус“, кој во изминатите 18 години прерасна во вистинска медиумска институција. Во таа прва екипа се најде и тогашниот новинар, а денес естраден менаџер, Антонио Димитриевски. Во знак на сеќавање на трагично починатиот сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, Антонио се присетува на тие времиња...
прочитај повеќе ...
Билјана Василева, сликарка
24.03.2013
ЕРОТИКАТА Е ДЕЛ ОД СИТЕ НАС, А ОВОЈ ПАТ ЈАС РЕШИВ ДА ОДАМ ДО КРАЈ СО НЕА
Еротизмот и сексуалноста се секогаш интригантна тема, а кога тие ќе бидат претставени како што тоа направи академската сликарка Билјана Василева, со својата нова изложба "Keep calm and have a vagina", тогаш дури навлегуваат во сферата на контроверзите. Делата се поставени во Младинскиот културен центар во Скопје и публиката ќе може да ги види до средината на април...
прочитај повеќе ...
Небојша Мојсоски, активист
20.03.2013
КОГА МЛАДИТЕ СЕ ДРУЖАТ И КРЕИРААТ ЗАЕДНО, МЕЃУЕТНИЧКИТЕ БАРИЕРИ ПАЃААТ
Во време на сериозни меѓуетнички тензии, од голема важност е работата за надминување, или барем намалување на стереотипите и предрасудите, особено кај младите луѓе. Со таа цел Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) спроведува со поддршка од УСАИД, Проект за меѓуетничка интеграција во образованието, чиј раководител е Небојша Мојсоски...
прочитај повеќе ...
Сашо Тасевски, актер
18.03.2013
НИЕ ГЛАСАМЕ, НО ВИСТИНСКИТЕ „ГАЗДИ“ НА МАКЕДОНИЈА ИЗБИРААТ КОЈ ЌЕ ВЛАДЕЕ
Сашо Тасевски не е само одличен актер. Тоа особено го покажува откако неговата матична куќа, Драмскиот театар, го стави некој вид неформално ембарго во последниве години. Оттогаш тој пишува книги и драмски текстови, настапува со стенд-ап точки, и многу често ги изнесува своите политички ставови, кои исто толку често се прилично радикални и контроверзи...
прочитај повеќе ...
Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош
12.03.2013
ЌЕ ОСВОЈАМ ГЛАСОВИ КОЛКУ ПЕТРОВ И КУНОВСКА ЗАЕДНО
До пред случувањата од 24 декември, едно од најсигурните предвидувања за претстојните локални избори беше победа во Карпош на актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Но, оттогаш се случија многу непредвидени работи и неколку пресврти, па тој излегува пред гласачите како кандидат на Српската напредна партија, а од неодамна поддржан и од Либералната...
прочитај повеќе ...
Алберт Муслиу, политички аналитичар
06.03.2013
МАКЕДОНИЈА ДА НАПРЕДУВА КАКО АЛБАНИЈА И КОСОВО, ТОА ГО САКААТ АЛБАНЦИТЕ
Во петокот и саботата се случија во Скопје насилни улични протести, едните „македонски“, другите „албански“ . Млади луѓе дивееја по неколку часа во тие два дена, со што повторно потсетија колку бргу се наоѓа повод, поточно „оправдување“, за да се нагласат меѓуетничките недоразбирања. На овие теми разговараме со политичкиот аналитичар Алберт Муслиу...
прочитај повеќе ...
Љубица Спасковска, докторантка за СФРЈ
04.03.2013
ДА ПОМИНЕЛ ПЛАНОТ ГЛИГОРОВ - ИЗЕТБЕГОВИЌ ДЕНЕС ЌЕ ИМАВМЕ ПОДОСТОИНСТВЕНИ ГРАЃАНИ
Љубица Спасковска е исклучителна девојка, која значаен дел од своето образование го стекнала во Британија и во САД. Денес е на докторски студии на универзитетот „Ексетер“ во Англија, а моментно престојува во Единбург, Шкотска. Наслов на нејзиниот докторат е „Последната југословенска генерација - младински култури и политики во доцниот југословенски социјализам“...
прочитај повеќе ...
Loading







 

web design studio: Meduim3