НАСЛОВНА
Златко Теодосиевски
21.08.2013
Златко Теодосиевски е историчар на уметноста, кустос и повеќедецениски проследувач на голем дел од она
што се случува во неговата област. Меѓу другото, бил заменик министер за култура и директор на
Националната галерија на Македонија. Покрај тоа е и жесток коментатор на актуелните настани во
културата, особено во културната политика, кои ги коментира на неговиот блог teodosievski.blog.mk...
Никола Спасов, агенција „Рејтинг“
13.08.2013
Неделникот „Фокус“ објави во новиот број анкета за рејтингот на лидерите на двете најголеми политички
партии во Македонија, која покажа дека за некои прашања новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев, има
повисок процент кај јавноста отколку неговиот главен политички конкурент, премиерот Никола Груевски.
Тоа предизвика многу коментари, а истражувањето го направи агенцијата „Рејтинг“, чиј прв човек е
Никола Спасов...
Јелена Јованова, актерка
12.08.2013
Хрватската телевизија „РТЛ“ моментно снима голема серија од 120 епизоди со наслов „Тајни“, во која
главната женска улога ја толкува нашата Јелена Јованова. Тоа е голем предизвик за македонската актерка
и важно ново искуство, кое ќе го придодаде на бројните театарски улоги и на учеството во два филма на
странски режисерки, од кои едната е Анџелина Џоли...
Љупчо Николовски - Фуфо
30.07.2013
„Животот е непредвидлив. Пред пет-шест години не помислував дека ќе бидам таму каде што сум денес...“,
вели Љупчо Николовски Фуфо, човекот кој со години важеше за најуспешен приватен угостител во
Македонија. Но, дојде лоша фаза во неговиот живот, за која вели дека не му се случи, туку самиот си ја
направи, а денес, по четири години апстиненција од бизнисот и од јавниот живот се обидува повторно да
се врати на некогашните патеки...
Димитрије Боаров, економски аналитичар
„Искуството на Србија покажува дека кога нешто потпишувате со Русите, само тие се тие што го даваат
толкувањето дали е тоа обичен меморандум или нешто што ги обврзува двете страни“, вели српскиот
новинар и економски аналитичар од Нови Сад, Димитрије Боаров. Тој е еден од најдобрите познавачи во
регионов на енергетската проблематика, во сите нејзини аспекти, па со него се обидовме да разјасниме
некои дилеми околу гасоводот „Јужен тек“...
Благица Секулоска, драматург
27.07.2013
Благица Секулоска (34) е дипломиран драматург, но како и повеќето од нејзината генерација тешко успева
да го покаже она за што е талентирана и школувана. Токму во врска со тоа напиша текст пред неколку
дена за весникот „Дневник“, со наслов „Не ми е срам од голотијата на вистината“, во кој изнесе дел од
своите искуства (претежно лошо) во обидите да се занимава со својата професија, но допре и некои други
актуелни теми...
Веле Митаноски за Паско Кузман
18.07.2013
Веле Митаноски е една од легендите на македонското новинарство. Со децении близок и до народот, ама и
до оние што ја имаат моќта. Во еден мандат беше и пратеник во Собранието, а ги вкуси, како што вели во
својата книга „Рани спомени“ - „сјајот и бедата на владините одаи“, како директор на Агенцијата за
информации и неформален раководител на Службата за коминикации со јавноста во кабинетот на Бранко
Црвенковски. Меѓу оние со кои бил близок низ годините спаѓа и Паско Кузман...
Јадранка Костова, новинарка
15.07.2013
Доцна вечерта на 26 март се случи трагедијата, која го однесе еден од најпознатите, најактивните и
најуспешните новинари во Македонија, Никола Младенов. Неговата смрт значеше привремено згаснување на
неделникот „Фокус“, кој Никола го основа и го водеше речиси 18 години. Но, „Фокус“ се врати, на чело
со главната уредничка Јадранка Костова и со клучниот дел од екипата која го подготвуваше во последниот
период...
Роберт Атанасовски, фоторепортер
12.07.2013
Роберт Атанасовски е фоторепортер кој досегашниот работен век го поминал во медиуми кои се занимаваат
со информативно новинарство - „Дневник“, „Време“, „Нова Македонија“, МКД.мк. Тоа значи дека најчеста
професионална обврска му е да ги фотографира актуелните настани. Но, тој не се задржува само на тоа.
Речиси постојано со својот апарат, секаде каде што се случува нешто, а честопати самиот прави обичните
ситуации да изгледаат многу интересно...
Даут Даути, Комисија за лустрација
05.07.2013
Многу прашина се дига околу работата на Комисијата за верифијација на фактите, особено кога ќе биде
лустрирано неко звучно име. Така е во послендиве денови, откако беше обелоденето дека Комисијата
прогласи за кодош „познат македонски академик и писател“, за кого речиси веднаш се откри дека е Славко
Јаневски. За тоа како функционира ова државно тело, колку се оправдани критиките кон него и зошто е
обвиено со толку противречности, разговараме со еден од неговите членови, Даут Даути...
Брајан Бранислав Рашиќ, официјален фотограф на Ролингстоунси
04.07.2013
Во саботата, на 29 јуни се случи настан, кој во музиката се смета за историски - Ролингстоунси свиреа
на „Гластонбери“ во Англија, најголемиот рок-фестивал на светот. И таму, како и секаде каде што е
бендот во последниве 35 години беше Брајан Бранислав Рашиќ, роден белграѓанец, кој со децении живее во
Лондон и е официјален фотограф на славната група. Работел и со многу други музички легенди, па така и
самиот стана легенда...
Војо Додевски, Македонец со привремена адреса на Тајван
01.07.2013
Тајван е остров во Тихиот океан, малку поголем од Македонија, со околу 24 милиони жители, претежно
Кинези. Пред 15 години го запознавме барем површно, поради политички причини, но и тогаш дури и
министри во владата го нарекуваа „Тајванд“.
Војо Додевски е македонски новинар, кој најголемиот дел од кариерата го помина пишувајќи за црната
хроника. Беше првиот од оваа професија, а кого пред 20-тина години му дозволија да влезе во затворот
„Идризово“...
Ален Хаџи-Стефанов, „Џез ФМ“
27.06.2013
Постојат работи, чија вредност не може секогаш да се види низ финансиска призма, бидејќи се поврзани
со духовната потреба на човекот. Една од нив е уметноста, а во нејзини рамки музиката. Радиото „Џез
ФМ“ 15 години врши многу важна мисија во македонскиот етер, како единствен медиум во државата (и еден
од ретките во поширокиот регион), специјализиран за џез, кој го промовира овој жанр од сите негови
аспекти. Но, колку и да е духовното важно...
Дејан Анастасијевиќ, дописник од Брисел
18.06.2013
Минатонеделната информација дека неодамна избраната влада на Исланд ја повлекла кандидатурата за
членство во Европската унија предизвика изненадување, особено кај оние што не ги следат најтемелно
случувањата во и околу Брисел. Никој досега не изразил официјално желба да биде дел од ЕУ, а подоцна
да се откаже од тоа. Што ќе значи овој нов момент за останатите земји-кандидатки, вклучувајќи ја
Македонија...
Александар Поповски, режисер
17.06.2013
Театарскиот режсер Александар Поповски е еден од најафирмираните во својата област надвор од
Македонија. Постојано е во некој од европските или екс-југословенските театри, каде ги поставува
своите претстави. Во изминатата година имаше три премиери во Хрватска, а моментно работи на Словенија.
Но, повод за ова интервју не се неговите театарски проекти, туку најавата за реконструкција на
„Градскиот трговски центар“...
Отец Пимен, владика Европски
13.06.2013
„Ако човек излезе во медиумите и пред целата јавност јасно каже дека ќе нема уривање или застој во
градбата, немам причина да мислам оти ќе оди толку далеку да го погази зборот што го изрекол пред
сите. Ако сепак, се случи непосакуваното сценарио, некој да испрати булдожери на црквата, ќе бидам прв
во живиот штит, кој ќе ја брани и нема да дозволи нејзино уривање“, вели отец Пимен...
Исмет Кочан, долгогодишен дописник од Истанбул
08.06.2013
Веќе неколку дена една од главните теми во светските и во домашните медиуми се случувањата во Турција.
Десетици илјади луѓе излегуваат на улиците во најголемите турски градови, при што доаѓа до судири со
полицијата, па дури се забележани и човечки жртви. Поради близината, а и важноста што таа земја ја има
за нас, демонстрациите во Истанбул, Измир, Анкара..., се следат внимателно и во Македонија...
Игор Киров, танчер и кореограф за кого само светот е мерка за вредноста
06.06.2013
Веќе со години кога ќе се спомене името на Игор Киров, оди и додавката - нашиот најуспешен танчер и
кореограф во светот. Работи многу и работи толку успешно, што поканите доаѓаат буквално од целата
планета. Во следните неколку месеци, тој ќе биде постојано на балетски сцени, во театри, авиони,
хотели. Игор е човек на кого само светот му е мерка за вредноста...
Александар Чомовски, за новиот СДСМ
05.06.2013
Во неделата, на 2 јуни, беше одржан конгрес на најголемата опозициска партија, на кој е избран нов
лидер, Зоран Заев, а како негова десна рака уште веднаш е претставена поранешната претседателка
Радмила Шеќеринска. Што ќе значи тоа за партијата, опозицискиот блок и за вкупната политичка сцена во
Македонија, разговаравме со познатиот новинар и долгогодишен аналитичар...
Милчо Вељаноски, авторот на најпопуларните фотомотажи на Фејсбук
01.06.2013
Социјалните мрежи, а особено Фејсбук, отворија можност за креативните луѓе да се изразат, односно да
го покажат својот талент или смислата за хумор. Еден од оние што одлично ја користи таа шанса е Милчо
Вељаноски. Неговите фотомонтажи се вистински хит - коментирани, лајкувани, споделувани. Импресионира и
продуктивноста на Милчо, кој понекогаш ги прави и по неколку на ден. Но, тој не е само духовит
човек...